![]() |
|
![]() |
|
![]() |
|
![]() |
|
![]() |
|
![]() |
|
![]() |
|
Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје, каде и докторирал. Карикатури објавува од 1967 година. Во 1978 година ја објавил книгата карикатури "Групен портрет", а автор е и на неколку анимирани филмови. Учествувал на повеќе изложби на карикатури, меѓу кои и во Скопје, Монтреал, Бордигера, Толентино, Акшехир, итн. Се занимавал и со графички дизајн (плакати, амблеми и др.), и автор е на дизајнот на македонското национално знаме. Во соработка со Лазо Плавевски создадоа серија на еден вид карикатурален маил-арт.
Добитник е на награда на Фестивалот за хумор и сатира во Будва, Црна Гора (1969), на Специјална награда на Априлскиот фестивал на смеата во Белград, Србија (1971), на наградата "Млад борец" (1981), на наградата на Здружението на карикатурист на Македонија (1982) и други.
Денес е професор по урбанистичко проектирање на Архитектонскиот факултет во Скопје.